,,Баделки“ домаќини на “Ловќен-Будуќност”

Кадетската женска екипа на ЖКК Бадел 1862 во недела во спортската сала Независна Македонија, ја брани честа на македонската женска кошарка на меѓународната сцена. Тимот од Кисела Вода, ќе ја пречека непоразената екипа Ловќен- Будуќност, во рамките на третиот турнир на регионалната женска кошаркарска лига WABA, за девојчиња помлади од 17 години.

 

Иако, и пред овој турнир двете екипи обезбедија пласман во 1/4 финалето, сепак за гледачите ќе биде интересно и возбудливо бидејќи и двете екипи се борат за подобар пласман на табелата, а со тоа да обезбедат и послаб противник во 1/4 финалните средби. Инаку, шампионот од Кисела Вода, по четири одиграни средби, досега има забележано 3 победи и на табелата, со два натпревари помалку за одигрување, се наоѓа на 4-то место. Во рамките на неделната турнирска програма, во втората средба, со почеток во 16.00 часот, кошаркарките од Кисела Вода ќе играат со екипата на Рагуза од Дубровник. Инаку на турнирот учествува и екипите на Славија од Софија која во двата едноподруго натпревари, во 12:00 часот прво ќе се сретне со екипата на Рагуза Дубровник, додека веднаш потоа ќе играат со врсничките од екипата Ловќен -Будуќност.

– На овој завршен турнир во Кисела Вода, очекувам нашата екипа да ја покаже својата доминација. Имаме женска кошаркарска перспектива со која можеме да се гордееме. Во дерби средбата со Ловќен -Будуќност, очекувам голема борба на теренот и се надевам дека ќе победиме. Исто така очекувам и втора победа во средбата со Рагуза од Дубровник и со тоа да обезбедиме подобар пласман на табелата а со тоа и полесен противник во 1/4 финалето, кое ќе се игра во Загреб и Јежица на 25 февруари,-истакна, Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

Граѓаните на Кисела Вода во недела во спортската сала Независна Македонија од 10.00 до 18.00 часот, бесплатно ќе можат да уживаат во мајсториите на кошаркарските таленти на Македонија, Бугарија, Црна Гора и Хрватска.

Во сабота пак, европскиот шампион РК Вардар во спортската сала Архиепископ Доситеј по четврти пат ќе го организира турнирот ,, Вардар еден живот ,еднаљубов“ за деца родени до 2008 година. Влезот е бесплатен а натпреварите започнуваат од 11:00 часот и траат до 15:00 часот.

– Женскиот ракомет е популарен во Македонија, па оттука низ програмски содржини, токму со вакви турнири, кои почнуваат од најрана возраст ги бараме и селектираме ракометните таленти. Можам да ви кажам дека децата со задоволство играат и го сакаат ракомет, а тоа ни дава надеж дека овој спорт има голема перспектива во Македонија. На турнирот ќе присуствуваат и Индира Кастратовиќ, Драгана Пецевска и Анџела Платон, ракометни великанки кои во 2002 година станаа клупски европски шампиони со екипата на Кометал – истакна Марија Папуџиева, главен кординатор на турнирот.   

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
betgaranti
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
betgaranti
BB Marketing
grandpashabet
betgaranti
betpark
betpark
betgaranti
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
betgaranti giriş
grandpashabet
bettilt
betgaranti
Tuzla Güzellik Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
bettilt
Hititbet
Hititbet
Kolaybet
Hititbet
Vdcasino
Vdcasino
vdcasino
betpark
betpark
betgaranti
hititbet
hititbet
sahabet
sahabet
artemisbet
artemisbet
norabahis
norabahis
norabahis
norabahis
betgaranti
Betgaranti giriş
betpark
betgaranti
vdcasino
kolaybet
betpark
betgaranti
kolaybet
betnano
betnano
kolaybet
hititbet
betnano
bettilt