Search
Close this search box.

Интернационална награда Енерџи глоуб за советникот Славко Митовски за енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски”

Енергетската обнова на ОУ “Партенија Зографски” ги исполни критериумите на експертите од комисијата на фондацијата Енерџи Глоуб и ја понесе наградата најдобар еколошки проект од Македонија за 2014.

 

На советникот за енергетска ефикасност од општина Кисела Вода, Славко Митовски, денеска наградата му ја врачи трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл, кој пред присутните ја нагласи важноста на ваквите проекти.

 -Целта на Energy Globe е да се подигне светското внимание на одржливи, секаде применливи решенија за животната средина и да ги мотивира луѓето да станат активни во оваа област. Националните награди се доделуваат во соработка со претставништвата на Австриската Стопанска Комора-истакна трговското аташе на Република Австрија во Македонија, Герхард Шлатл.

 –Свесни за својата општествена одговорност, во општина Кисела Вода спроведуваме еколошки концепт кој нуди заштеда на ограничените природни ресурси. Нашата цел е да создадеме стандарди кои во прв момент ќе можат да ги следат сите општини, а потоа и пошироко. Токму затоа сме многу задоволни што токму објект од нашата општина и вработен во нашата општина, г-дин Славко Митовски, е избран за годинешната награда на фондацијата Енерџи глоуб за Македонија-истакна Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.

 

Презентирајќи го наградениот објект пред гостите, наградениот советник од општина Кисела Вода, Славко Митов , ја  акцентираше  заштедата од применетите мерки за енергетска ефикасност во објектот и воопшто, во целата општина чие раководство посветува особено внимание на овие прашања.

 

 

– Уште при изработката на Програма за Енергетска Ефикасност за 2010-2014 год на општина Кисела Вода 2010-2014,  увидов дека во овој објект постои многу голем потенцијал за заштеди на енергија. По спроведување на сите предвидени мерки за енергетска ефикасност, претпоставените заштеди се остварија и потврдија преку сметките за потрошувачка на топлинска енергија кои покажаа намалување од 74 %, а емисиите на јаглероден диоксид се намалени за 84 тони на годишно ниво. Сакам да нагласам дека ОУ “Партенија Зографски” е првиот јавен објект во Македонија кој поседува свој енергетски пасош-подвлече наградениот Митовски, кој оцени дека со поддржувањето и инвестирањето во енергетската ефикасност се допринесува за зачувување на животната средина и подобрување на животните услови за нас и за следните поколенија.

-Вложувањето во енергетската ефикасност е попрофитабилно инвестирање од вложувањето на берза или штедењето во банка- истакна Митовски.

Со повеќе од 160 земји-учеснички и преку илјада поднесени проекти годишно  наградата Energy Globe е најпрестижна светска награда од областа на животната средина, која е воведена во 1999 година.  Таа  разликува проекти на регионално, национално и глобално ниво,  коишто имаат за цел  зачувување на   ресурсите  на  енергетиката, користат обновливи извори на енергија или извори без штетни емисии. Церемонијата на доделување  на  наградата се одржува во целиот свет. Мисијата на Energy Globe ја поддржуваат повеќе истакнати личности, како и амбасадорите  на Energy Globe  во 90 земји.

Повеќе информации можат да се пронајдат на официјалната WEB  страна:

www.energyglobe-foundation.com

Споделете:

Scroll to Top