Search
Close this search box.

Кадетките на „Јанта волеј – форца“ станаа државни шампионки

Изминатиот викенд во Битола на финалниот турнир во кадетска конкуренција (родени 2004 и помлади), одбојкарките на „Јанта волеј – форца“ од Кисела Вода во полуфиналниот натпревар ја победија екипата на „Наковски волеј“ од Струмица со 2:0, во сетови 25:22 и 25:21. По ова, на финалниот натпревар, кадетките на „Јанта волеј – форца“ убедливо ја победија и екипата на „Вардар ЕМ“ од Скопје со резултат 3:1, и станаа државни шампионки.

„Ние сме победници во женската одбојка на Македонија, во петте категории освоивме 5 титули. Нашите сениорки, јуниорки, кадетки и пионерки станаа државни шампионки, а сениорките го освоија и Купот. Благодарност до сите помагатели, посебно до Општината Кисела Вода и градоначалникот“ – изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

 

Споделете:

Scroll to Top