Search
Close this search box.

Кампања против употреба на петарди низ училиштата во општина Кисела Вода

Со интерактивно предавање и симулација на инцидент предизвикан од пиротехничко средство, денес , во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, започна кампањата на МВР и Одделението за превенција при СВР Скопје,насловена „Среќна и безбедна 2015”, која ќе се одвива низ училиштата во општина Кисела Вода.

 Во организација на полициската станица Кисела Вода, во соработка со општината, со Црвениот Крст и со сите општински основни училишта, на учениците стручно и практично им беше укажано на опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства.

Во пресрет на новогодишните празници кога е зачестена нивната употреба, тие беа информирани за начините на превенција и за законските прописи, во контекст на зголемување на безбедноста на граѓаните. Штетните последици, учениците, имаа можност да ги видат на лице место, преку симулациската вежба,во која зедоа учество полицијата и Црвениот Крст.

Оваа кампања, која започна од општина Кисела Вода, ќе биде спроведена во сите основни и средни училишта.

 

Согласно статистиката, секоја година од употеба на петарди и други пиротехнички средства, во светот 150 000 лица остануваат трајни инвалиди. 80% од нив се деца, а 4 од 10 повредени деца се на возраст под 15 години.

Споделете:

Scroll to Top