Кисела Вода го одбележува 8 Март: Градоначалникот Ѓорѓиевски и министрите со подароци и пораки за жените

По иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, на 8 Март, во неколку поголеми паркови низ цела општина Кисела Вода се спроведува акција во која на жените им се подаруваат цвеќиња и мотивирачки пораки како симбол на почитта, на заложбите за родовата еднаквост и вреднувањето на нивната улогата во сите сфери на животот.На настанот покрај градоначалникот Ѓорѓиевски, присуствуваат министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Советот на Општината, Светлана Колариќ, како и повеќе советници и претставници од општината, што е уште еден показател за заедничките заложби во унапредувањето на правата и можностите на жените.Во духот на празникот, низ општината и на автобуските постојки се поставени симболични пораки и цветни подароци, кои носат порака на признание и почит кон жените.

Поставени на јавни места, овие знаци на внимание потсетуваат дека секоја жена заслужува поддршка и вреднување, не само денес, туку секој ден. Тие се мала, но значајна потврда дека грижата за жените и нивната улога во општеството е важна, а нивниот придонес – незаменлив.-Денес е уште еден ден кога ја славиме силата и посветеноста на жените. Тие се носители на промени, двигатели на напредокот и темел на секое семејство. Како општина, активно работиме на политики кои обезбедуваат еднакви можности и подобри услови за жените. Денешното присуство на министрите само потврдува дека родовата еднаквост е заеднички приоритет и на локално и на национално ниво. Со оваа акција сакаме да упатиме порака дека жените заслужуваат поддршка, признание и почит секој ден. Среќен 8 Март на сите дами- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
kingroyal
kingroyal
betplay
holiganbet
betnano
betnano
betnano
betgaranti
betgaranti
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
betpark
hititbet
hititbet
hitit üniversitesi
betgaranti
betgaranti
betpark
betpark
betpark
Hititbet
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Hititbet news
holiganbet
marsbahis
betpark
betpark
betpark