Кисела Вода е првата дигитализирана општина во Македонија и пошироко

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, на прес конференција го промовираше проектот за дигитализација, насловен “Со дигитализација до ефикасна администрација”.

 

Преку неговата имплементација, Кисела Вода е првата општина во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат. Ако досега, за вадење на извод од урбанистички план, граѓаните чекаа по неколку месеци, сега, со новата електронска платформа, документот ќе го имаат на својата е-маил адреса за 72 часа, без да мора воопшто да доаѓаат до општината.

Со ова се зголемува достапноста на услугите, се штеди време и финасиски средства и сосема се намалува можноста за корупција.

-Од денес Кисела Вода е првата општина во Македонија, но и на Балканот, каде вадењето на извод од детален урбанистички план, е целосно електронски. Ова е посебно важно бидејќи изводот е појдовна точка во сите градежни и урбанистички процеси, како и за многу постапки кои се водат во министерствата и друите институции на централно ниво. Ако досега за оваа услуга беше потребно да се дојде на шалтер, а потоа да се чека еден, а некогаш и повеќе месеци, од денес натаму за изводот се аплицира електронски, се плаќа електронски и во рок од 72 часа, истиот се добива по електронски пат, односно тој ќе пристигне на е-маил адресата на барателот. Како што кажав, ова е финализација на првиот дел од проектот насловен “Интегриран ГИС систем” кој го отпочнавме веднаш по моето доаѓање на позицијата градоначaлник на Кисела Вода. Преку него ги дигитализиравме сите урбанистички планови и ги поставивме на нашата веб страница. За разлика од минатото, кога никој ниту знаеше колку планови има, ниту што тие содржат бидејќи стоеја заклучени во нечии фиоки, ние, како ново раководство во општината, ги ставивме на увид на граѓаните и им дадовме можност за забелешки и сугестии. Со ова се отворија и многу Пандорини кутии и на површина излегоа многу неправилности во работењето на моите претходници. Целосната транспарентност која на овој начин ја нудиме е најсилното оружје во борбата против криминалот и корупцијата во нашето општество-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека преку пренесувањето на административниот процес во електронска форма, се подобрува ефикасноста и брзината на работа на општината. Електронските бази на податоци на кои се работеше во изминатиот период, ќе помогнат во полесно проследување на документите, како и во поефикасна комуникација помеѓу администрацијата и граѓаните. Втората фаза од овој голем проект чија имплементација  започнува многу скоро опфаќа нови дигитални услуги кои дополнително ќе го подобрат квалитетот на услугите и сосема ќе ја намалат можноста за корупција бидејќи во административиот процес сосема ќе го исклучат човечкиот фактор.

– Втората етапа ќе опфати внесување во ГИС системот на сите дивоградби, на сите нови ДУП-ови кои, секако, претходно ќе бидат јавно објавени за забелешки, потоа попишување и внесување на целокупната урбана опрема, на сите градинки, училишта, бизнис ентитети. Ќе се направи регистар на улици и попис на целокупната инфраструктура во општината. По примерот на високоразвиените европски и светски градови, втората фаза треба да финализира со вадење на документи кои се потребни при градежните и урбанистичките процеси во кои целосно ќе биде изоставен човечкиот фактор. Со ова ќе се оневозможи моќта на службените лица да извршуваат коруптивни активности, а постојаната достапност на информациите, на граѓаните ќе им даде можност да ги проверат своите документи и трансакции и да детектираат било какви неправилности, информираше градоначалникот Ѓорѓиевски кој истакна дека да се биде прв во нешто е големо задоволство, голема одговорност и тешка, но не и невозможна задача.

 

– Надминувањето на предизвиците за нас е растеж, а задоволните граѓани се најубавата награда за трудот. Продолжуваме одговорно и со иста динамика, бидејќи тоа е она на кое се обврзавме и она кое им го должиме на нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

 

Новата дигитална платформа е поставена и достапна на веб страницата на Општина Кисела Вода. Сепак, доколку желбата на странката е изводот да го добие во хартиена форма, нашите служби стојат на располагање и тоа ќе им биде овозможено. Архивата во барака 6, работи секој ден и тоа со продолжено работно време, до 18 часот.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
kolaybet
betgaranti
bettilt
kolaybet
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
kolaybet
kolaybet
betpark
betpark
hellocasino
betgaranti
Kolaybet
bettilt
betpark
betpark
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
betpark
betpark
kolaybet
betpark
betgaranti
kolaybet giriş
kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet Telegram
Kolaybet Giriş
betpark
betpark
holiganbet
Kolaybet
Kolaybet
Betgaranti
matbet güncel giriş
matbet güncel giriş
matbet güncel giriş
matbet güncel giriş
betgaranti
betgaranti
betgaranti
sahabet
sahabet
kolaybet
kolaybet
sahabet
Hititbet
Hititbet Giriş
sahabet
Hititbet Güncel Giriş
vdcasino
onwin
onwin
hititbet
betgaranti
Hellocasino
Hello Casino
Hititbet
Hititbet
Hititbet Güncel Giriş
hititbet
vdcasino
onwin
onwin
grandpashabet
betpark
betgaranti
hititbet
grandpashabet
bettilt
sahabet
sahabet
onwin
hititbet giriş
hititbet
hititbet giriş
hititbet mobil giriş
hititbet güncel giriş
vdcasino
grandpashabet
kolaybet
kolaybet
betpark
Kolaybet Giriş
Kolaybet Güncel Giriş
betgaranti
betgaranti giriş
betgaranti 2026
betpark
betgaranti
kuponbet giriş
kuponbet güncel giriş
Kuponbet
Kuponbet Giriş
Kuponbet Mobil Giriş
sahabet
sahabet
onwin
betpark
betgaranti
sahabet
sahabet
grandpashabet
onwin