На 08.10.2026, во спортската сала „Независна Македонија“, лоцирана во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, младинците на КК „Ангели“ победија три клуба.
Во рамки на младинските лиги, кошаркарите на „Ангели“ до 16 години убедливо ја победија екипата на КК „Иба Скопје“ со резултат 73:36. КК „Ангели“ до 18 години, со резултат 82:73 оствари победа над КК „Кожув Гевгелија“. И младинската екипа на „Ангели“ до 20 години, на теренот покажа одлична игра, која финишираше со победнички резултат 81:74 над „Борец Баскет Велес“.
За две од овие победи, важно е да се нагласи и тоа дека младинците на „Ангели“ до 20 години од почетокот на лигата се без пораз и имаат остварено пет победи, додека младинците до 18 години ја остварија шестата победа во лигата и се без пораз.
Единствено на натпреварот одигран на гостински терен, во рамки на првата македонска лига, кошаркарите на „Ангели“ загубија со 115:83 од екипата на КК „Феникс 2010 ад“.
M20 Лига
КК Ангели – КК Борец Баскет Велес 81:74
M18 Лига
КК Ангели – КК Кожув Гевгелија 82:73
M16 Лига
КК Ангели – КК Иба Скопје 73:36
Прва македонска лига
КК Феникс 2010 ад – КК Ангели 115:83








