Search
Close this search box.

„Кралица Срце“ на „Триангл“ и „Другарство“ на „Дивизион Арт“ вечерва за затворање на Божикниот театарски фестивал во Кисела Вода

Со многу емоции и искрени аплаузи помина втората фестивалска вечер од Божикниот театарски фестивал во организација на Општина Кисела Вода. Публиката имаше можност да ја проследи театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, под режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви во главните улоги.

Општина Кисела Вода продолжува континуирано да ја поддржува културата на локално ниво, создавајќи платформа преку која публиката има можност поблиску да се запознае и да се зближи со театарската уметност, како и да ужива во квалитетни културни содржини.

Вечерва, 05.01.2026 година, со почеток во 18:00 часот, на програмата е театарската претстава „Кралица Срце“ на Театарското здружение „Триангл“. Во претставата настапуваат Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски, а режијата и сценариото се на Десанка Глигоријевиќ.

Во 19:30 часот следува театарската претстава „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска во актерската екипа.

Картите за претставите се бесплатни, но бројот на места е ограничен. За присуство е потребна претходна регистрација со лични податоци, најдоцна до 05.01.2026 година, до 16:00 часот, на следните контакт броеви:

Даниела – 075/380-928

Верица – 071/804-474

Општина Кисела Вода ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на програмата на Божикниот театарски фестивал и да бидат дел од културните настани кои се реализираат во рамки на фестивалот.

Споделете:

Scroll to Top