Search
Close this search box.

КУД “Китка” од Драчево со јавен час го одбележа Денот на жената

По повод Интернационалниот ден на жената 8 Март, КУД “Китка” одржа јавен час во Домот на култура во Драчево.

Со желба, на сцена да покажат како работат и учат, а со тоа да им го разубават празникот на најблиските кои беа во публика, играорците од ова културно уметничко друштво, приредија тричасовен настан исполнет со песни и ора.

За присутните жени во публиката, КУД “Китка” обезбеди скромни подароци кои играорците сами ги изработија, а настанот беше заокружен со мала закуска и дружба по завршувањето на часот.

Споделете:

Scroll to Top