Search
Close this search box.

Легализирани уште 50 дивоградби

Нови 50 семејства од  општина Кисела Вода денес ги добија решенијата со кои нивните диво изградени објекти се легализираа.  Со денешната легализација на дивоградбите, вкупниот број на решени предмети се искачи на 2539, што значи дека техничките мерки кои општина Кисела Вода ги воведе во насока на подобрување на динамиката на решавање, ги даваат своите резултати. Ова е посебно важно, ако се земе предвид дека општина Кисела Вода е неславен лидер по бројот на дивоградби на своја територија. Сепак, се’ уште е голем бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборати  кои, пак, се основен предуслов за стекнување на права и легална сопственост на објектите.

 

Иако согласно измените во законот за легализација на бесправни градби, рокот за поднесување на документите  се пролонгира  до декември 2015 година со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, сепак, препорака е да не се чека до последен момент за доставување на потребната документација, бидејќи користа од легализирањето на градбите е взаемна. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кои ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што значи дека и на граѓаните и бизнис заедницата им се дава шанса за изградба на нови објекти .

Споделете:

Scroll to Top