Центарот за младински активизам КРИК обезбедува линија за пријавување меѓуврсничко насилство, како дел од своите активности за создавање побезбедна средина за децата и младите.
Линијата овозможува пријавување на случаи на меѓуврсничко насилство и претставува дополнителен механизам за навремено препознавање и реагирање кога дете или младо лице се соочува со насилство.
Важно е да не молчиме пред насилството. Доколку сте жртва, сведок или имате сознание за случај на меѓуврсничко насилство, обратете се и побарајте поддршка.
Повеќе информации за услугата се достапни на веб-страницата на ЦМА КРИК: https://www.krik.org.mk//услуги/линија-за-пријавување-меѓуврсничко-насилство



