Проекот СПОРТУВАМЕ, НАВИВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ во соработка на ПС ОН Кисела Вода, општина Кисела Вода како и основните и средните училишта кои гравитираат на територија на општината денес со одржувањето на јавна трибина на тема „Недостојно однесување на спортските натпревари од страна на малолетници – деца и нарушување на јавен ред и мир“, отпочна со реализација.
На трибината која се одржа во големата сала во општина Кисела Вода присуствуваа помошник раководител на Секторот за образование од град Скопје г-ѓа Маја Талевска, раководител на одделение за спорт од град Скопје г-дин Зоран Шишковски, началникот на одделение за превенција на СВР Скопје г-ѓа Билјана Милевска, командирот на полициска станица од општа надлежност г-дин Киро Крстески, претставници од Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт на општина Кисела Вода, директорите на основните и средните училишта, претставници од Совет на родители и ученици од основните и средните училишта.
Презентацијата на проектот ја водеше помошник командирот на полициска станица од општа надлежност г-дин Благоја Стојановски.
После завршувањето на трибината во салата Независна Македонија во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ се одржа ревијален кошаркарски натпревар помеѓу екипата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ОУ „Круме Кепески“.
Основната цел на проектот е подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно – воспитните установи, намалување на сите облици и типови на девијантно однесување помеѓу учениците, со посебен акцент на насилството во училиштата и спречување на насилството за време на спортски натпревари и секако градење на доверба меѓу учениците и полицијата и развивање на меѓусебна соработка.
Фазите на реализација на проектот се следни:
– Одржување на јавна трибина на тема непримерно однесување на спортските натпревари од странана малолетниците – деца.
– Одржување на спортски натпревари на мешани тимови од родители, ученици, наставници полициски и општински службеници.
– Развивање на позитивен пристап во врска со правилно однесување пред отпочнување на спортските натпревари.
– Одржување на планинарски марш, со цел меѓусебно запознавање и зацврстување на односите при градење на партнерството за заедничко решавање на безбедносните проблеми.
Проектот ќе се реализира во период од Април – Мај 2015 година со следниот календар на активности :
Сабота 18 април, во спортска сала ,,Независна Македонија“:
– (10:00 часот), Селекција на КВ – Селекција на Драчево (ООУ- кошарка),
– (10:40 часот), Васил Антевски Дрен – Браќа Миладиновци (кошарка)
– (11:20, часот), Селекција КВ – Селекција Драчево, (одбојка ООУ- ученички)
– (12:00 часот), вработени (ПСОН КВ и Локална самоуправа – професори од средни училишта кошарка)
Сабота 25 април, во спортската сала ,,Архиепископп Доситеј“:
– (10:00 часот) – Селекција на КВ – Селекција на Драчево (ООУ – мал Фудбал),
– (10:40 часот) – Васил Антевски – Дрен – Браќа Миладиновци (ученици мал Фудбал),
– (11:20 часот) – Професори средни училишта – наставници Основни училишта – (12:00 часот) – Васил Антевски Дрен – Браќа Миладиновци (одбојка – ученички),
Сабота 09 мај, спортска сала ,,Архиепископ Доситеј“:
(10:00 часот) – Селекција наставници (жени) (основно) – Селекција на „Васил Антевски – Дрен“ ученички (средно) (одбојка – жени)
(10:40 часот) Селекција на ПСОН Кисела Вода и Локалана Самоуправа – Селекција на „Васил Антевски – Дрен“-одбојка (жени)
(11:20 часот) – Селекција на ОКВ и Полиција – Селекција на наставници (мал Фудбал),
(12:00 часот) – Пинг-понг (Нерзависна Македонија), и Бадмингтон (ООУ,,Партение Зоографски),
Понеделник (11-ти мај), Планинарење на „Водно“:
Секое училиште да учествува со 10-тина ученици. Одговорните на училиштата заедно со учениците да дојдат на зборното место во 10:00 часот на паркингот на полициската станица –Водно. По патеката ќе се пешачи до паркинг на „Средно Водно“. Враќање организирано со одговорните.