Search
Close this search box.

Мултимедијален музичко ликовен хепенинг на отворен простор

Општина Кисела Вода по девети пат го реализира проектот Мултимедијален хепенинг на отворен простор“во  „Паркот Македонија “  во близина на Дом на култура КВК со почеток од 10.30 часот до 11.30 часот во соработка со ООУ на територија на општина Кисела Вода и двете Посебни училишта. Темата на овој хепенинг оваа година е „ Ја сакам мојата општина Кисела Вода “.

Потребата од оваа манифестација е  учениците да се претстават во јавноста со својот талент за музика, сликарство и игра. Искажувајки ја својата креативност учениците се запознаваат и дружат меѓу себе.

За таа цел на поставените штафелаи учениците  сликаа во придружба на своите ликовни педагози, а за тоа време другите ученици  настапуваа со музички и музичко – ритмички точки во придружба со наставник по музичко образование.

На овој мултимедијален хепенинг учениците покажаа што научиле оваа учебна година со убава и забавна програма, а градоначалникот се обрати и ги поздрави присутните и учесниците, посакувјќи оваа манифестација да продолжи успешно и да се проширува со цел зближување меѓу децата.

Опфатени беа четири Општински основни учичишта: ООУ „ Круме Кепески “, ООУ „ Невена Георгиева Дуња “, ООУ „ Кирил Пејчиновиќ“, ООУ „ Партенија Зографски“ , ПОУ „ Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „ Димитар Влахов“. Гости на Овој  хепенинг беа учесници од КУД „ Кисела Вода“ од Здружението за култура и уметност „ Мајковина“.

 

         

Споделете:

Scroll to Top