Search
Close this search box.

Мултимедијално случување за основците од општина Кисела Вода

Виртуелната  наспроти реалната комуникацијата со врсниците под наслов “Светот- имагинарен и реален”, беше темата на која твореа учениците од основните училишта на територија на Кисела Вода, на денешниот мултимедијален ликовно-музички хепенинг кој се одржа по четврти пат, во организација на Одделението за култура при општината.

Во спортската сала на ОУ “Св. Климент Охридски”, преку 80 ученици од прво до деветто одделение од основните училишта, настапија со музички и музичко – ритмички точки или ја покажаа својата умешност преку четка и боја.

Настанот беше отворен со настапот на учениците од ОУ “Круме Кепески” кои ја изведоа музичко-ритмичката точка “ На сред село тапан бие”.

Преку ликовната уметност, учество во мултимедијалниот проект зедоа и 20тина ученици од сите училишта од општината, кои сликаа на зададената тема.

Свои ликовни творби направија и учениците од училиштето “Др. Златен Сремац”, а учениците од  “Димитар Влахов”, настапија во музичкиот дел. Конкретно, 5 дечиња изведоа музички композиции на хармоника.

Мултимедијалниот проект опфати и настап на ученици од сите училишта на територијата на општина Кисела Вода, кои играа зумба, хип хоп, класичен балет , а талентирани ученици свиреа на гитара и пееја познати музички теми.

Ова креативно и забавно дружење меѓу учениците кое е контратежа на нивната виртуелна дружба преку социјалните мрежи, го означува и  крајот на оваа учебна 2013/2014 година. Учениците, задоволни од настанот коментираа дека убаво си го поминале денот, но и дека коментарите за него освен усно, ќе ги пренесат и на социјалните мрежи.

Споделете:

Scroll to Top