Градежните активности на територија на општина Кисела Вода продолжуваат со интензивно темпо. На големо задоволство на жителите на Пинтија, улица„1440“ доби нов асфалтна маса.
Подготовките за асфалтирање на оваа улица траеа неколку недели при што се изврши машинско гребење на улицата, чистење, тампонирање, прскање со емулзија, подигање на канализациони шахти, за во текот на вчерашниот ден да се изврши комплетно вградување на нова асфалтна маса од тип АБ-11 и БНАС-16 на површина од 1400 м2 .
Градежните работи ги изведува „Бауер БГ“-Скопје, а финанскиските средства во вредност од 2 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Кисела Вода. Во периодот што претстои се предвидува и асфалтирање на други улици во M.З Пинтија, согпасно планот и програмата за реконструкција на улици за 2014 год.