Нов пакет социјални мерки од Општина Кисела Вода – “Грижа и сигурност за секое дете”

Со пакет социјални мерки, Општина Кисела Вода ќе им помага на своите жители полесно да ја пребродат економската криза. Денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша Меморандумите со повеќе компании кои функционираат на територија на општината и со тоа официјално го отвори проектот насловен “Грижа и сигурност за секое дете”.

 

Иако започнува во неделата посветена на детето, овој проект ќе трае во текот на целата година и вклучува повеќе мерки за помош на децата од социјален ризик и децата со еден родител.

Денес потпишаните Меморандуми за соработка на повеќе од 50 социјално загрозени дечиња од прво до деветто одделение ќе им овозможат бесплатни  курсеви за странски јазици, информатика и спорт.

Дополнително, “Грижа и сигурност за секое дете” овозможува ослободување од партиципација за трошоците за згрижување во јавните детски градинки на евидентираните дечиња од социјален ризик, за што ќе се искористат средства од Буџетот на општината.

Третата мерка опфаќа субвенционирање на дел од цената за месечниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до трето одделение во основните општински училишта.

-Сакам да ви се заблагодарам на сите тука присутни компании кои ја покажавте својата општествена одговорност и станавте партнер на Општина Кисела Вода во настојувањето да се помогне на посиромашните семејства кои се најпогодени во овој тежок, кризен период. Како локална самоуправа прездовме низа мерки со кои сакаме да им излеземе во пресрет и да им овозможиме некаква сигурност и ублажување на сиромаштијата со која живеат се поголем број на семејства во Македонија. Симболично, во неделата посветена на детето, го започнуваме и денешниот проект, “Грижа и сигурност за секое дете”, во кои заедно со вас, овозожуваме еднакви услови за искористување потенцијалот на сите деца, без разлика на нивната финансика положба, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски запознаваји ги присутните со останатите социјални мерки кои Општина Кисела Вода досега ги спроведе: обезбедената донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, проектот “Ранче за секое прваче” со кој се обезбедија чанта, тетратки и училишен прибор за сите првоодделенци, субвенциите за печки на пелети.

Заеднички потоа се проговори за плановите за преземање на дополнителни мерки за економски немоќните семејства, а дел од сопствениците на компаниите дадоа свои предлози и идеи околу можностите за дополнителна соработка со цел што побрзо и полесно да се надмине тешкиот период.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
bettilt
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
BB Marketing
Teknik Seo
hititbet
grandpashabet
betpark
betpark
betgaranti
betpark