Нов парк во Драчево, на местото од исчистената депонија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денес извршија увид во градежните активности на локацијата во близина на улицата “Герника” во селото Драчево, каде се наоѓа последната постојка за автoбусот бр.41.

 И покрај бројните апели на локалната самоуправа, несовесни граѓани на оваа локација постојано масовно фрлаа отпад и создаваа депонија. Општина Кисела Вода одлучи ова место да го облагороди и култивира, односно на оваа локација да изгради парк кој ќе биде пријатно место за одмор и рекреација на жителите од овој дел од градот.

-Најпрво благодарност за брзата интервенција и на Градот Скопје и на ЈП Паркови и зеленило за оплеменувањето на овој простор, за расчистувањето на дивите депонии кои го уништуваат јавниот простор во општината. После чистењето на овој простор, тие учествуваа во зазеленувањето, а ние поставуваме урбана опрема на територијата на овој парк. Наша заложба е до крајот на мандатот во секоја месна и урбана заедница да направиме по еден ваков парк кои ќе служи за интеракција на нашите сограѓани, а нормално и да ја зазелениме нашата општина, Кисела Вода и секако, градот Скопје, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода  Филип Темелковски, упатувајќи апел до сите жители за совесно однесување и за грижа за јавниот простор.

Ова е нов парк, засадуваме парк, го обновуваме зеленилото. Повеќе од 200 дрвца се засадуваат, ќе биде хортикултурно уредено, ке биде уредено со урбана опрема, како што веќе може и да видите. Исто така се воспоставува и хидрантна мрежа со цел зеленилото да биде одржувано со повеќе од 84 прскалки и 13 шахти. Градот Скопје се грижи за зеленилото, градот Скопје го обновува зеленило. Во таа насока, информацијата дека оваа година имавме рекордни 127 000 метри квадратни  обновени зелени површини- изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

 

Градежна фирма, по налог на Општина Кисела Вода, во изминатиот период интензивно работеше на расчистување, култивирање и партерно уредување на локалитет кој се протега на 5000 квадратни метри. Само од оваа локација, при чистењето, беа отстранети 5000 кубни метри отпад. Потоа, се изработија пешачки патеки, а во сорабока со ЈП Паркови и зеленило се врши и хортикултурно уредување. Финализацијата на новиот парк се заокружува со поставување на нова урбана опрема од страна на Општина Кисела Вода.

Ова е прва од низата локации на кои во моментов има диви депонии, а Општина Кисела Вода ќе ги облагороди и ќе ги претвори во пријатни места за одмор и рекреација. Со работа се продолжува веднаш.

Сепак, апелите на локалната самоуправа за совесно однесување на граѓаните остануваат. Се надеваме дека оплеменувањето на просторот ќе придонесе во подигнувањето на свеста на граѓаните и дека тие ќе бидат активни чинители во зачувувањето на животната средина, на нивното животно опкружување. Само за потсетување, во изминатата година Општина Кисела Вода преку бројни акции собра преку 1100 тона отпад од својата територија. Од нив, 300 тина отпад беа собрани од дивите депонии.

 

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
hellocasino
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
Hititbet
vdcasino
hititbet giriş
hititbet giriş
vdcasino
kolaybet
kolaybet
betpark
betpark
betgaranti
kuponbet giriş
betpark
betgaranti
onwin
betpark
betpark
onwin
betpark
betorder
safirbet
betgaranti
betgaranti
betpark
betpark
betgaranti
betpark
kolaybet
vdcasino
vdcasino güncel giriş
grandpashabet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
hititbet
matbet
matbet
matbet
matbet
betorder
betpark
betnano
betgaranti
kolaybet
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betpark
betpark
betnano
grandpashabet