Продолжува проектот “Топлотен бран” во општина Кисела Вода, кој се реализира во соработка со општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода .
Медицински тим и волонтери на Црвениот крст со специјално возило на Црвениот крст, при високи температури (над 35 степени), делат вода за пиење на најфреквентните места и сообраќајниците низ општина Кисела Вода. Исто така се укажува медицинска интервенција , давање прва помош, транспорт на загрозените лица на кои високите температури им предизвикале здравствени проблеми до нивните домови, или до најблиската медицинска установа, давање на совети на граѓаните за заштита на здравјето при високи температури.
Општина Кисела Вода со кофинансирање учествува во проектот, кој е содржан во нејзината Програма за 2014 год. на Секторот за месна самоуправа и соработка со невладини организации, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода .
Активностите се реализираат од почетокот на месец јули и ќе траат до крајот на август.