Новата учебна година во Општина Кисела Вода започнува со значајни новитети и силна поддршка за најмладите ученици и нивните родители. Општината и оваа година покажува максимална грижа за образовниот процес, обезбедувајќи пакет мерки кои го олеснуваат почетокот на училишните денови и го подигнуваат стандардот на образованието.
Општината обезбедува бесплатни униформи, воедно сите ученици во основните училишта на територијата на Општина Кисела Вода добиваат бесплатни училишни униформи, со што се намалуваат семејните трошоци и се гради еднаков визуелен идентитет меѓу учениците.
Секое запишано прваче добива бесплатно училишно ранче целосно опремено со неопходниот училишен прибор, како директна поддршка за првите чекори во клупите.
-Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината на нашите деца и на целата заедница. Се трудиме да го олесниме секојдневието на семејствата и да создадеме современи услови во кои секое дете ќе се чувствува рамноправно, безгрижно и мотивирано да учи. Им посакувам среќен и успешен почеток на сите првачиња и ученици“- изјави градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска.




















