Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода се вклучува во проектот,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ “

Општина Кисела Вода го  подржува и активно се вклучува во спроведување на Проектот ,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ” кој беше промовиран од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија и Општините.Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална  политика и Општина Кисела Вода, за координација и реализација на проектот ,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ”.  

Целта на проектот е давање помош на социјално ранливите групи на семејства и лица, за задоволување на нивните основни потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго.Граѓаните кои имаат вишок на ствари ( кои се во функционална состојба) – мебел, покуќнина, опрема за деца, апарати за домаќинство и кои сакаат да ги донираат за социјално загрозените лица и на оние што им се потребни, може да се јават на бесплатниот телефонски број 080055 800 или на е-маил адреса donacija@mtsp.gov.mk, на која може да достават податоци и фотографии од донацијата.                                                                                                                    

Исто така граѓаните кои се во социјален ризик и кои имаат потреба од покуќнина, мебел, опрема за деца, апарати за домаќинство, велосипеди и друго, ќе може да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 800 , на е-маил адресаdonacija@mtsp.gov.mk, или лично да се обратат во Центрите за социјална работа или во седиштето на Црвениот Крст на Република Македонија.           

Акцијата ќе се одвива според принципот “КОЈ ПРВ ЌЕ СЕ ЈАВИ, ТОЈ ПРВ ЌЕ БИДЕ УСЛУЖЕН”

Споделете:

Scroll to Top