Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода ја отвори првата градинка во Припор

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денес свечено ги отворија вратите на првата градинка во Припор. Објектот “Стапалче” е  во состав на ЈДГ “8 Март”, a се наоѓа во новоизградениот дел од ПОУ “Круме Кепески”. Има капацитет да згрижи 75 дечиња. За неговото отворање, општина Кисела Вода, издвои од својот буџет 12 300 000 денари.

 Просторот е обезбеден со реконструкција и преадаптирање на две простории од ПОУ „Круме Кепески“ и со доградба, а опремен е според сите модерни стандарди. Капацитетот на градинката е за 75 деца, а во моментов имаме 65 апликации. Има две занимални, повеќенаменска работилница и јасли, што значи градинката има можност да згрижува и деца од најмала возраст, а тоа е од девет месеци и нагоре. Предвидено е напролет, во дворот на градинката да направиме уште една летна занимална каде децата и во топлите денови ќе имаат простор за активности- истакна градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, која се заблагодари на министерството за труд и социјална политика и министерот Диме Спасов, за целокупната соработка и поддршката што општината ја имаше за отворањето на овој објект.

Министерот Спасов, изразувајќи го задоволството од досегашната соработка што ја има со градоначалникот на општина Кисела Вода , изјави:

-Се работи за заедничка инвестиција, пред околу еден месец ја отворивме првата градинка во Црниче, ова е веќе втор објект кој го отвараме за навистина краток време. МТСП  ја обезбеди опремата целосно за овој објект додека општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција, адаптација на целокупниот процес што е значителна инвестиција од страна на општината, истакна Спасов.

На крајот од минатата година во oпштина Кисела Вода беше отворена градинка во населбата Црниче, а локалната самоуправа предвидува изградба на уште две градинки.

Споделете:

Scroll to Top