Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад од домаќинствата

Општина Кисела Вода ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на својата територија. Со оглед на фактот што дложување на кабастиот отпад на несоодветни локации претставува проблем за домаќинствата, Ве информираме дека во период од 19 септември 202 2год. до 30 септември 2022 година преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

 

Секој жител на општина Кисела Вода, една седмица претходно, во периодот од 12.09.2022 до 19.09.2022 година, ќе може да закаже термин за бесплатно подигнување на кабастот отпад, на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад се должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација, со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.

Уште еднаш, сакаме да апелираме за одговорно однесување на секој поединец со кое се придонесува за зачувување на чистотата и животната средина, што е наша заедничка цел.

 

Споделете:

Scroll to Top