Search
Close this search box.

Петта одбојкарска победа на ОУ ,,Св. Климент Охридски“

Одбојкарската екипа на ОУ ,,Св Климент Охридски“ во петото коло од годинeшнава сезона во училишниот спорт ја забележа петтата победа. Овојпат, во дербито на колото, избраничките на  тренерот Ирена Рикаловска славеа во средбата со ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ “ со  2:1, по сетови 25:19, 19:25 и 15:10.

Овде клучен беше третиот, одлучувачки сет, во кој ,,Драчевки“ на своите противници им препуштија само 10 поени.  Во останатите средби од петото коло се постигнаа следните резултати:  ОУ ,,Кузман Шапкaрев“ – ОУ,,Круме Кепески“ 1:2  (по сетови 23:25, 25:19 и 12:15), ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ – ОУ ,,Кузман Јосифовски Питу“ 2:0 (по сетови 25:10,25:22) и ОУ ,, Партеније Зографски“ – ОУ ,,Рајко Жинзифов“ 2:0 (по сетови 25:19 и 25:18).

На табелата во водство е ОУ ,,Св Климент Охридски“ со 10 бода пред  ОУ  “Невена Георгиева Дуња”  со 8,  и  ОУ “Кирил Пејчиновиќ”  и ОУ “Партение Зографски”, пласирани на третото и четвртото место со по 6 бода.

Шестото коло, во спортската сала ,,Независна Македонија“ на програмата е во понеделник (31 март), со почеток во 12:30 минути. 

Споделете:

Scroll to Top