Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ со одигрување на два полуфинални и финален натпревар заврши македонското првенство во женска одбојка/категорија пионерки.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, како и на изминатите натпревари така и на овој со своето присуство и даде голема поддршка на екипата на ОК Јанта Волеј.
На првиот одигран полуфинален натпревар, пионерките од ОК Јанта Волеј издвојуваа победа над екипата Љуботен од Тетово, со резулатат 2:1 (25:20, 25:28), додека на вториот пионерките од одбојкарскиот клуб Вардар ја победија екипата на Пелистер од Битола, со резулатат 2:0 (25:20, 25:18). По одигрувањето на овие натпревари беа познати финалистите.
За титула, на теренот се бореа одбојкарките од Јанта Волеј и Вардар. На овој финален натпревар девојките од ОК Вардар ја надиграа екипата на Јанта Волеј. Натреварот заврши со резултат 0:3 (19:25, 16:25, 19:25). За трето место пак играа девојките од ОК Пелистер од Битола против екипата на Љуботен од Тетово, која ја победија со резулатат 2:0 (25:11, 25:15).
Екипата на ОК Вардар од Скопје ја освои титулата, станаа државни шампионки, додека одбојкарките од ОК Јанта Волеј го освоија второто место. Третото место им припадна на пионерките од ОК Пелистер од Битола.
На градоначалникот Филип Темелковски му припадна таа чест на првопласираните екипи да им ги додели медалите и пехарот.