Search
Close this search box.

Поради временските непогоди, концертот на Миле Кузмановски е одложен за утре

Општина Кисела Вода ве информира дека поради временските услови, концертот на Миле Кузмановски кој е дел од културното лето “Три круши” и беше закажан за вечерва, се одложува. Истиот, доколку временските услови тоа го дозволат, ќе биде одржан утре, со почеток во 20 часот и 30 минути, по што ќе продолжи и концертот на КУД “Китка” , со што и ќе се затвори годинешното издание на оваа манифестација. 

Споделете:

Scroll to Top