Претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот Ѓорѓиевски, на средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. Во конструктивна атмосфера, се дискутираше на повеќе теми, а главен акцент беше ставен на досегашната успешна соработка меѓу Општина Кисела Вода и Франција, како и на можностите за нејзино продлабочување. Градоначалникот Ѓорѓиевски го запозна амбасадорот Ле Риголер со бројни иницијативи реализирани во изминатиот период, потенцирајќи ја отвореноста на општината за идна билатерална и проектна соработка.

Од аспект на ЗЕЛС, Претседателот Ѓорѓиевски го претстави начинот на функционирање на општините во Република Македонија, како и заложбите на ЗЕЛС за унапредување на децентрализацијата, зголемување на надлежностите на локалната самоуправа и градење партнерства со меѓународни чинители. Во тој контекст, беше истакната и важноста на воспоставувањето на поблиски односи меѓу македонските и француските градови, преку иницијативи за збратимување и размена на добри практики.

-Општина Кисела Вода е општина со брз развој, посебно во последните години, отворена за партнерства и нови идеи. Франција е земја со богата традиција и искуство во многу области, и затоа верувам дека преку продлабочена соработка можеме да донесеме нов квалитет во нашето локално делување. Верувам дека оваа средба ќе биде поттик за идни заеднички проекти и зближување меѓу нашите две земји, како на институционално, така и на општествено ниво-нагласи Ѓорѓиевски

Амбасадорот Ле Риголер ја поздрави отвореноста на Општина Кисела Вода и ЗЕЛС за меѓународна соработка, нагласувајќи дека Франција останува подготвена да ја поддржи размената на искуства и иницијативи. Тој ја истакна важноста од поврзување на француски и македонски општини преку конкретни проекти и збратимувања, оценувајќи дека ваквите партнерства претставуваат солидна основа за заеднички развој и приближување на двете земји.

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
betwoon
betwoon
betasus
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
norabahis
norabahis
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
vaycasino
vaycasino
betpark giriş
vaycasino
vaycasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino giriş
imajbet
imajbet