Со бројни случувања Кисела Вода денес го одбележува својот 69-ти роденден. Покрај семејниот ден кој се одвиваше во паркот Македонија, се реализираше и уште еден обемен инфраструктурен проект, четврти во оваа роденденска седмица. Во Припор, каде што беше присутен градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, започна асфалтирање на улици на површина од 7000 квадратни метри.
Се работи за улица 15, крак на улица 14, улица 30, улица 29, како и уште неколку помали краци низ оваа населба. Воедно, како што најави тој, ќе се врши реконструкција на фудбалското и игралиштето за баскет, а е се гради и ново детското катче во ПОУ “Круме Кепески.-Денес сме во населбата Припор каде во рамки на одбележувањето на роденденската седмица започнуваме со еден обемен проект за асфалтирање на улици на површина од 7000 квадратни метри. Ова е уште еден голем чекор во реализацијата на моето ветување дадено пред граѓаните дека до крајот на мојот мандат ќе нема неасфалтирана улица во општината. Конкретно, реконструкција периодов ќе претрпат улиците “15”,”29”, “30”, кракот на улицата “14” и уште неколку помали краци. Ова не се единствените градежни активности што ги преземаме во Припор. Имено, во ПОУ “Круме Кепески” инвестираме во изградба на ново детско катче, а постојните фудбалско и кошаркарско игралиште ќе ги реконструираме, со што најмладите ќе добијат нов простор за игра и разонода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, уште еднаш поканувајќи ги сите на големиот роденденски концерт на Суперхикс и пријателите кој започнува вечерва во 19 часот во Расадник.