Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за реконструкција на коловозот и тротоарите на ул.”Христо Узунов” во населбата Црниче.
Градежните активности ќе опфатат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот помеѓу улицитe “Востаничка” и “Партение Зографски”, каде се протега оваа улица, ќе се изврши и реконструкција на постоечките тротоари.
Истите ќе бидат поплочени со бехатон плочи. Се работи за една од најфреквентвите улици, која со својот централен дел ги поврзува населбите Црниче и Пржино.
Нејзината реконструкција е целосна инвестиција на општина Кисела Вода. Апелираме за трпение и разбирање од страна на жителите во наредните два месеци додека траат градежните зафати на фирмата изведувач.