Search
Close this search box.

Се санираат и пуштаат во употреба фонтаните во Општина Кисела Вода

Пред претстојните топли денови, во Општина Кисела Вода забрзано се работи на санација на фонтаните чие одржување е во нејзина надлежност.

Фирмата која беше избрана како најповолна на неодамна завршениот тендер, веќе заврши со санација на неколку фонтани, а на останатите се работи и во текот на седмицава тие ќе бидат пуштени во употреба. Се работи за 5 фонтани кои се поставени во поголемите паркови и на локации каде често се собираат жителите на Општината.

Паралелно се работи и на санација на реквизитите во детските игралишта, како жителите би  можеле во целост овие места да ги искористат за она за коешто се наменети, за одмор и рекреација. Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и почитување на законските прописи до сите граѓани кои во континуитет вршат демолирање на урбаната опрема и детските реквизити во парковите и јавните површини на цела територија на општината. Уништувањето на средината во која и самите живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.

 

Споделете:

Scroll to Top