Советот на Oпштина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и деветтата пленарна седница на 17.05.2024 година (петок) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 37 – та пленарна седница
- Усвојување на Записникот од 38 – та пленарна седница
- Квартални извештаи К1, К2 и К3 за првиот квартал од 2024 година – К1 -квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година; – К2 – квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, – К3 – квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација во вид на набавка, транспорт и монтажа на детски реквизити;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за условите, начинот и постапката за давање на термини за истакнување на реклама во спортските објекти „НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ и „АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ“ со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие КИСЕЛА ВОДА 2022 СКОПЈЕ;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за условите, начинот и постапката за давање на термини на користење во спортските објекти на територијата на Општина Кисела Вода со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие КИСЕЛА ВОДА 2022 СКОПЈЕ;
- Предлог – Правилник за условите и критериумите за избор на ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско едукативен камп;
- Предлог – Одлука за уредување на сквер (плоштад) согласно програма (Ј) комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2024 година
- Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.