Search
Close this search box.

​Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Во Општина Кисела Вода се одржа средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Н.Е. Мартин Памер. Средбата се одвиваше во пријателска атмосфера и беше посветена на размена на идеи за унапредување на соработката и можностите за заедничко делување.Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше амбасадорот за општите развојни насоки на Општина Кисела Вода, но и за пошироката слика од локалната самоуправа, зборувајќи од позиција на претседател на ЗЕЛС и пренесувајќи дел од искуствата и предизвиците со кои се соочуваат општините низ државата.-Имав чест да остварам средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, со кој имавме искрен и продуктивен разговор за важноста на локалната власт како двигател на развојот. Споделивме размислувања за значењето на соработката меѓу општините и дипломатските претставништва, која може да донесе нови перспективи и поддршка во процесите на модернизација и ефикасно управување. Го информирав за тековниот развоен импулс во Општина Кисела Вода, динамичните процеси на инфраструктурна обнова, унапредување на јавните услуги, инвестициите и потенцирав дека преку систематска работа, планирање и отвореност кон граѓаните, создадовме општина која постојано се менува на подобро.За мене, секоја соработка со напредни европски држави како Австрија е можност да учиме, да пренесуваме добри практики и да создаваме подобра иднина за сите наши граѓани. Затоа верувам дека  и оваа средба претставува важен чекор кон воспоставување на конкретна и корисна соработка која ќе донесе реални придобивки за локалната заедница-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top