Search
Close this search box.

Утре во Кисела Вода ќе се игра женска одбојка

Љубителите на спортот утре ќе имаат можност бесплатно да проследат два полуфинални и финален натпревар во женска одбојка/категорија пионерки.

Во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 11:00 часот девојките од одбојкарскиот клуб Јанта Волеј ќе и се спротистават на екипата Љуботен од Тетово. По овој натпревар во 12:00 часот ќе се одигра уште еден натпревар. За титула на теренот ќе играат и одбојкарките од ОК Пелистер од Битола и ОК Вардар.

Финалниот натпревар во одбојарското државно првенство ќе се одигра во 14:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top