Ракометарките на ЖРК „Вардар“ во соработка со општина Кисела Вода и со средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“ им приредија убаво изненадување на учениците од основните училишта од овој дел на градот.
Во просториите на ова средно училиште тие вчера имаа можност да се сретнат со своите миленички од младинската екипа на ЖРК „Вардар“. Пресреќни што се сретнаа со своите идоли, имаа можност да се запознаат, дружат, фотографираат, да разменат мислења и искуства за нивниот омилен спорт.
-Овој проект за прв пат почнува од нашето училиште во соработка со општина Кисела Вода и со ЖРК „Вардар“, ја поздравуваме оваа иницијатива, се надевам дека и другите општини ќе го следат нашиот пример – истакна Александар Канурков, директор на средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“.
-Со нашето присуство сакаме на децата да им покажеме дека спортот е вистиски начин за оттргнување од пороците, убаво е да не видат, а тука сме и да им поделиме карти за натпреварот кој ни следува – изјави Итана Грбиќ, лево крило во ЖРК „Вардар“ .
-ЖРК „Вардар“ има многу добра соработка со општина Кисела Вода, тука тренираат 450 деца од училиштата, можам да кажам само пофални зборви за општината која секогаш ни излегува во пресрет и прави се за правилен развој на децата. Нашата соработка со општина Кисела Вода ќе продолжи и во иднина и очекуваме поголем број деца на тренинзите – изјави Ана Стојков, оперативен менаџер во ЖРК „Вардар“.
Ракометарките им порачаа на децата да спортуваат за поздрав живот и им поделија билети за натпреварот на натпреварот со Митјиланд, в недела во 15:15 за да им дадат поддршка.