Уште 50 дивоградби легализираше општина Кисела Вода.
На денешното јавно доделување, Претседателот на Советот Трајче Донев истакна:
“Знаејќи колкав е бенефитот за општината, но пред се, за жителите од овој дел дел на градот големо е моето задоволство што заклучно со денешното доделување на нови 50 решенија , правен статус добија вкупно 4161 објекти, од пристигнатите 11880 барања за легализација. Оваа бројка говори дека низата преземни мерки од наша страна како локална самоуправа, вроди со резултати.”
Додаде дека е голема и улогата на сопствениците на нелегално изградените објекти, бидејќи , за процесот на легализација да тече, тие мораат да достават комплетна документација до административните служби.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 2976. Воедно изготвени се уште 174 урбанистички согласности, од кои за 110 се чека на уплата за постапката да може да продолжи.