,,Просветителите“ ја забележаа четвртата победа во сезоната. Во премиерниот натпревар од пролетната сезона во кошаркарската лига, избраниците на тренерот Мартин Мартиновски со резултат 50:33 славеа над своите врсници од ОУ “Круме Кепески”. Инаку, натпреварот во голем дел од средбата беше израмнет.
На крајот од третата третина , резултатот гласеше 30:28 во корист на “Партеније Зографски”. За победата на ОУ “Партеније Зографски” клучни беа последните седум минути од средбата. Прво, избраниците на тренерот Александар Милоевиќ успеаа да израмнат на 30:30. Веднаш потоа, најдобриот и најефикасен играч на теренот Никола Георгиевски со постигнати 8 последователни поени од кои две тројки, ја запечати судбината на Круме Кепески. Партеније Зографски со четвртата победа во сезоната, само ја потврди амбицијата за пласман во плеј-офот и постигнување на висок резултат во оваа натпреварувачка сезона. Во останатите две средби славеа фаворитите. “Невена Георгиева Дуња” со со резултат 53:38 извојува победа над месниот ривал “Кирил Пејчиновиќ”, додека “Кузман Јосифовски Питу” беше подобар од ” Св. Климент Охридски” со 66:25. Средбата меѓу драчевските училишта “Рајко Жинзифов” и и “Кузман Шапкарев” беше одложена поради патрониот празник на ОУ “Кузман Шапкарев”.