Search
Close this search box.

Шаховска лига во Кисела Вода – МЗ Пинтија ги ,,матира“ противниците

Стартуваше шаховската лига меѓу месните заедници кои егзистираат на територијата на општината Кисела Вода. Учествуваат вкупно 10 екипи, кои се составени од пензионери. Според проектот, ќе се игра по ,,бергеров систем“ (секој со секого), вкупно 18 кола.

 Предвидено е во еден натпреварувачки ден да се игра по две кола.  Потоа ќе следи плеј-оф завршница на првите четири пласирани екипи. Се предвидува есенска и пролетна сезона, а натпреварите се играат во големата општинска сала. Со своја екипа настапува и општината Кисела Вода. Покровител на  проектот е градоначалникот на општината  Билјана Беличанец Алексиќ.

Интересно е дека  по два натпреварувачки дена, и по одиграни вкупно четири кола, шахистите од МЗ Пинтија, со вкупен учинок од 7 освоени бода, три победи и една нерешена средба, покажаа дека се најсериозни кандидати за шампионската титула . Конкуренти ќе им бидат шаховскиите  екипи на  месните заедници Кисела Вода, Бирарија и Драчево (с) со 6 освоени бода, пласирани од второто до четвртото место.  Третиот натпреварувачки ден, во кој ќе се одиграат петото и шестото коло ќе се одигра во петок на 7-ми ноември.

 

Во продолжение следат резултатите од првите четири коло и  моментната бодовна табела.

Прво коло

 МЗ К.Вода – Општина К. Вода 3:1

МЗ Драчево (нас)- МЗ Драчево (село) 3:1

МЗ Црниче – МЗ Пинтија 2:2

МЗ Бирарија – МЗ 11Октомври (згради) 3:1

МЗ Пржино – МЗ 11 Октомври (бараки) 2:2

 

Второ коло

МЗ Пржино – МЗ К.Вода 2:2

 Општина К. Вода – МЗ Драчево (нас)  3:1

Мз Драчево (село) – МЗ Црниче 3:1

МЗ Пинтија – МЗ Бирарија 3:1

МЗ 11-ти Октомври (бараки) – 11-ти Октомври (згради) 2:2

Трето коло

ОКВ – МЗ Пинтија 1:3

МЗ Драчево (село) – МЗ 11-ти Октомври (згради) 3:1

МЗ 11-ти Октомври (бараки) – МЗ Бирарија 1:3

МЗ Пржино – Мз Црниче 4:0

МЗ Кисела Вода – МЗ Драчево (населба) 2:2

Четврто коло

МЗ Пинтија – МЗ Пржино 3:1

ОКВ – МЗ Драчево (село) 1,5 :2,5

МЗ Бирарија – МЗ Драчево (населба) 4:0

МЗ Кисела Вода – МЗ 11-ти Октомври (згради)  2,5 :1,5

МЗ Црниче – МЗ 11-ти Октомври (бараки) 1:3

 Табела:

  1. МЗ Пинтија                      7
  2. МЗ К.Вода                       6
  3. МЗ Бирарија                   6
  4. МЗ  Драчево (с)             6
  5. МЗ Пржино                    4
  6.  МЗ 11 Октомври (б)     4
  7. МЗ Драчево (н)             3
  8. ОКВ                                2
  9. МЗ Црниче                     1
  10. МЗ 11 Октомври (з)       1

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top