Search
Close this search box.

​Ѓорѓиевски: Започнува целосна реконструкција на мултифункционалното игралиште и детското катче кај трим патеката

Започна целосна реконструкција на мултифункционалното игралиште и детското катче лоцирани кај трим патеката во населбата 11 Октомври – Згради, со што младите од овој дел на Кисела Вода добиваат современ спортско-рекреативен простор. Ќе се постави нов полипропиленски под, ист како оној што се користи на летните Олимписки игри, а ќе се изградат и трибини, ќе се постават нови кошеви и фудбалски голови. Во исто време, темелно ќе се обнови и постојното детско катче, кое беше во руинирана состојба и небезбедно за користење. По завршувањето на проектот, оваа локација ќе се трансформира во модерен комплекс за спорт, рекреација и безгрижна детска игра.

Реконструкцијата е заедничка инвестиција на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт.-Поддршката и мотивацијата на младите да живеат здраво и активно, секогаш е во нашиот фокус.Токму затоа посветуваме значаен дел од ресурсите во спортската инфраструктура во нови или реконструирани терени и игралишта, што е инвестиција во здрави генерации.Игралиштето кое се наоѓа во населбата 11 Октомври-Згради, покрај трим патеката, ќе добие полипропиленски под, кој официјално се користи за летните Олимписки игри.Добива и трибина, нови кошеви, голови за фудбал – сѐ на сѐ еден модерен спортски комплекс за здраво живеење.Комплетно го реконструираме и детското катче кое се наоѓа во непосредна близина на игралиштето, кое беше значително руинирано и небезбедно.За многу скоро од денес, дечињата добиваат уште едно ново катче каде што ќе го поминуваат своето време во непречена детска игра и смеа.Создаваме спортско-рекреативен простор за младите од овој дел на Кисела Вода каде што ќе можат да се дружат, рекреираат, спортуваат и да учат важни животни вештини преку игра.Ова е само уште еден од низата проекти за нашите најмлади. Се работи за заеднички финансиски проект помеѓу Општина Кисела Вода и Министерството за спорт, за што сакам искрено да се заблагодарам на министерот за спорт Борко Ристовски за неговата поддршка и развојот на спортската инфраструктура во нашата општина. Со неговата посветеност и визија, младите денес имаат десетици нови спортски терени – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top