Ѓорѓиевски : Инспекциите се превенција, а не казна, нема компромис со безбедноста на граѓаните!

Денес се одржа управен одбор на ЗЕЛС, на кој присуствуваа и градоначалници од поголемите општини во државата. Како што беше најавено, темата на состанокот беа вонредните инспекции на објектите од јавен карактер кои се спроведоа во изминатите денови. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека по извршените контроли на училиштата, градинките, јавните установи, културните домови и спортските сали, може да се констатира дека тие се безбедни и граѓаните можат да бидат спокојни. Инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, не само во делот на градинките и училиштата, туку ќе се направат строги контроли и во станбените згради, како и на целата урбана опрема во рамките на општините.

– Како што беше заклучено и на Управниот одбор на ЗЕЛС, по извршените контроли на сите училишта, градинки, јавни установи, културни домови и спортски сали, можеме да потврдиме дека овие објекти се безбедни и граѓаните можат да бидат спокојни. Инспекциите ќе продолжат и во наредниот период, опфаќајќи не само јавни објекти, туку и станбени згради и урбана опрема во општините, со меѓуопштинска соработка каде што е потребно, за да се осигури дека секој објект е безбеден-Истакна Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски.

 Подвлече дека во координација со колегите градоначалници е утврдено дека во некои општини недостасуваат инспектори. Овој предизвик ќе биде надминат преку меѓуопштинска соработка, со цел да се провери секој објект во државата и да се обезбеди максимална безбедност. Освен тоа, беше донесена препорака до сите општини, училиштата и јавните установи да ги откажат планираните јавни настани или да најдат соодветна замена за нив. Еден од предлозите е да се засадат дрвца во чест на младите лица кои трагично ги загубија животите, како симбол на почит и сеќавање, додаде Ѓорѓиевски.

-Јас знам дека ова е исклучително сензитивен период за сите нас како народ во оваа земја, но мораме да порачаме дека граѓаните треба да веруваат во нас како институции. Да веруваат во локалната самоуправа, бидејќи ние сме дел од групата на градоначалници кои што заедно ќе ги направат промените во овој систем-изјави Претседателот на ЗЕЛС.

Во поглед на обемноста на инспекциите и прашањата зошто вакви контроли не биле направени порано, Ѓорѓиевски нагласи дека впечатокот е едно, а реалноста сосема друго. Тој потенцираше дека контроли во училиштата и градинките биле спроведувани и претходно, но за нив јавноста можеби не била доволно информирана. Како пример, тој ја посочи Општина Кисела Вода, каде на крајот од 2024 година биле проверени сите училишта, градинки и културни домови. Дополнително, вонредните инспекциски контроли во моментов ги вршат инспектори од локалната самоуправа во соработка со инспектори од централните институции, вклучително и Дирекцијата за заштита и спасување, кои проверуваат дали во објектите има исправни противпожарни апарати, хидранти и дали персоналот е обучен за нивно користење.

Во однос на законската регулатива и можноста за нејзино унапредување, Ѓорѓиевски истакна дека законите се недопрецизирани и дека во многу случаи постојат правни недоречености кои не се решени со децении. Тој најави формирање на работна група која ќе подготви унифициран правилник за поставување урбана опрема, со цел да се создадат исти стандарди за сите општини. Доколку се утврди дека се потребни законски измени за поголема ефикасност на контролите, ЗЕЛС ќе побара интервенции од законодавецот.

За тоа какви неправилности биле утврдени при контролите, претседателот на ЗЕЛС истакна дека најголемиот проблем генерално во државата е урбаната опрема поставена во минатото, особено кај угостителските објекти. На многу места се затекнати неправилности и на сите им е укажано на роковите во кои тие мора да бидат отстранети. Дополнително, Ѓорѓиевски нагласи дека во тек е постојана комуникација со Владата и со претседателот на Владата, бидејќи институциите мора да делуваат заеднички за да се обезбеди максимална безбедност и системско решение за овие проблеми. Тој подвлече дека ова е сензитивен период за целата држава, но граѓаните треба да веруваат во институциите и во локалната самоуправа, која со одговорност работи на подобрување на безбедноста во секој сегмент од јавниот живот.

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
imajbet
betpark giriş
vdcasino giriş
katlabet
katlabet
norabahis
norabahis
betpark
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino giriş
betorder giriş
milanobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
milanobet
milanobet
meritking
mrking
norabahis
norabahis
betpark
vaycasino
vaycasino
milanobet
milanobet giriş
betorder
milanobet
milanobet giriş
crastosroyalbet
cratosroyalbet
cratosroyalbet