Ѓорѓиевски на отворање канцеларија поддршка на идни брачни двојки: Создаваме здрави и стабилни семејства!

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претседателката на Здружението на социјални работници, проф. д-р Светлана Трбојевиќ, денес отворија канцеларија за социјална поддршка на млади брачни парови од општина Кисела Вода, лоцирана во Домот на култура “Билјана Беличанец”. Оваа канцеларија е прва и единствена од ваков вид во Македонија и ќе овозможи бесплатна стручна поддршка и совети за надминување на тешкотиите и одржување на здрава комуникација помеѓу идните брачни двојки, што е клучно за стабилноста на секое семејство.

-Денес со големо задоволство ја отвораме Канцеларијата за социјална поддршка на млади брачни парови, прва од ваков вид во нашата држава, посветена на жителите на Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива е плод на нашата соработка со Здружението на социјални работници, кое го обезбедува професионалниот тим, додека општината го овозможи просторот во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Ова е единствена можност во Македонија каде младите брачни парови можат да добијат бесплатна и стручна поддршка за навремено справување со предизвиците во нивните односи.

Канцеларијата е создадена од потребата да се превенираат и спречат нарушените односи и семејни недоразбирања кои, за жал, сè почесто доведуваат до разводи. Наша цел е да ги поддржиме паровите во изградба на стабилни семејства, што има директен позитивен ефект врз благосостојбата на младите, но и на целокупната заедница. Стручниот тим во оваа канцеларија ќе им помогне на младите брачни парови да се справат со секојдневните проблеми, да ги решат предизвиците на заемното разбирање и да создадат основа за силен, стабилен и среќен дом.

Канцеларијата ќе работи два дена во неделата, секоја среда и сабота, по претходно закажани средби, што овозможува да се пристапи кон секое семејство индивидуално и со целосно внимание. Се надевам дека ова е почеток на позитивен тренд кој ќе го следат и други општини, бидејќи ваквите услуги се неопходни во едно модерно и динамично општество.

Искрено се заблагодарувам на претседателката на Здружението на социјални работници, проф. д-р Светлана Трбојевиќ и на сите негови членови за посветеноста и желбата да направат вистинска разлика за нашите граѓани. Заедно градиме општина која се грижи за своите жители, која вложува во иднината на младите семејства и која, со оваа канцеларија, им дава нова надеж и поддршка на сите оние кои сакаат да ги зајакнат своите семејни односи-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Канцеларијата ќе работи во среда од 16:00 до 20:00 часот и сабота од10:00 до 16:00 часот.Стручната помош  и поддршка од страна на тимот се бесплатни. Потребно е претходно да се закаже термин на телeфонскиот број 02/3212 690. Термините се закажуваат  во понеделник од 10.00 до 12:00 часот.

Споделете:

Scroll to Top
bettilt
bettilt
betpark
bettilt
betnano
holiganbet
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betnano
betpark
betpark
Betpark
Betpark
betpark
casinolevant
Betpark
betpark
jojobet
jojobet
jojobet
jojobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betgaranti
Runtobet
betkom
imajbet
sahabet
runtobet giriş
runtobet
jetbahis
betpark
betpark
betpark
jokerbet
onwin
candycasino
candycasino
betlike
betlike
casinolevant
casinolevant
norabahis
norabahis
favorisen
betpark
betpark
betpark
betpark
onwin
onwin
sahabet
sahabet
sahabet
sahabet
enjoybet
enjoybet
marsbahis
marsbahis
kolaybet
betgaranti
betlivo
betlivo
betbox
betbox
bettilt
bettilt