Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше во Владата на Република Македонија, на настан по повод денешниот 5 ноември, Светски ден на ромскиот јазик.

-Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик, посветен на промоцијата и зачувувањето на ромскиот јазик, култура и образование. Ромската заедница е значаен дел од нашето општество. Нивната историја, традиции и јазик додаваат непроценлива вредност во културното ткиво на Македонија, што ја прави уште побогата и поразновидна. ЗЕЛС, има за цел да поддржува иницијативи и програми кои ќе ја унапредат инклузијата на ромската заедница, ќе обезбедат поддршка во образованието и ќе помогнат во зачувувањето на ромскиот јазик како дел од културното наследство на Република Македонија. ЗЕЛС се залага за силна соработка со сите општини, институции и организации за креирање можности за ромската заедница, во образованието, културата, и рамноправниот развој на локално и национално ниво. Оттука, со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво. Денес ги одбележуваме не одбележуваме не само нивниот јазик и култура, туку ја славиме и ромската заедница како битен дел од нашето општество-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top