Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски, Трајановски и Митески во теренски увид за реконструкција на мостот и улицата „Киро Фетак“

Денес, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и со градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, извршија теренски увид на дел од регионалниот пат Р-1106, на потегот од улицата “Киро Фетак”. Општината аплицираше до Владата со проект за реконструкција на овој дотраен мост, за чие финансирање се очекува поддршка од средствата за капитални инвестиции, додека Јавното претпријатие за државни патишта ќе ја реализира санацијата и проширувањето на самата улица. Станува збор за исклучително важна интервенција која ќе го подобри квалитетот и безбедноста на сообраќајот за жителите на Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани.-Денес, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски и со градоначалникот на Аеродром Дејан Митески извршивме теренски увид на две поврзани интервенции на дел од улицата Киро Фетак – дел од регионалниот пат Р-1106, кој е важна сообраќајна трансверзала што ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром, Зелениково и Студеничани со автопатот.Општина Кисела Вода до Владата аплицираше со проект за целосна санација на постојниот мост, кој во изминатите години стана опасна точка. Тука често се случуваа сообраќајни незгоди, се уриваше оградата, а возила завршуваа во атмосферскиот канал. Со сопствени средства, изработивме проектно-техничка документација за реконструкција, проширување со тротоари и безбедносно унапредување на мостот, чија реконструкција треба да ја реализира општината со средства во висина од околу 6 милиони денари.

Паралелно, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ја реализира санацијата и проширувањето на самата улица, како дел од регионалниот пат Р-1106. Овој проект е од исклучителна важност за жителите на неколку општини, но и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.Уверен сум дека Владата ќе го препознае значењето на овој проект и да го одобри неговото финансирање, со што конечно ќе се надмине долгогодишниот инфраструктурен проблем на оваа локација. Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредување на безбедноста и поврзаноста на нашата општина со регионот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top