Ѓорѓиевски: Целоснo e реконструиран стадионот “ССК” во Драчево

По децениска запуштеност и негрижа, спортскиот стадион ССК во населбата Драчево, кој некогаш важеше за едно од главните спортски обележја на Кисела Вода, доби целосно нов лик. Со свечена церемонија, синоќа беше пуштен во употреба, благодарение на заложбите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и поддршката од Фудбалската федерација на Македонија.

Обновениот стадион нуди услови кои се во согласност со современите спортски стандарди. Станува збор за целосна реконструкција што опфаќа девет нови соблекувални, современа теретана, туш кабини, поставена е нова заштитна ограда по целата должина на објектот, а тревната подлога е комплетно санирана. Посебно значајно е и новото осветлување со рефлектори, кое овозможува користење на теренот и во вечерни услови – за тренинзи и официјални натпревари. Оваа инвестиција значи враќање на животот на еден значаен спортски капацитет во општината, кој во минатото беше дом на многу успешни фудбалски имиња. Со реконструкцијата, ССК повторно станува центар за младите спортисти и фудбалери од Кисела Вода и пошироко, создавајќи услови за нивен развој и афирмација.

– Заврши долгогодишната негрижа за овој спортски терен во Драчево кој во минатото беше едно од спортските одбележја на Кисела Вода. Вечерва, со свечена церемонија го пуштивме во употреба стадионот кој е белег на нашата општина и од кој во минатото се прославиле доста звучни имиња во македонскиот фудбал. Драго ми е што моите заложби за неопходните реконструктивни зафати на ,,ССК” вродија со плод и што наидовме на разбирање кај ФФМ за што сакам да изразам огромна благодарност, па спортистите сега повторно го добија овој простор за себе, но со услови кои се модерни и современи. Стадионот доби девет целосно нови соблекувални, нова теретана и туш кабини, нова ограда по целата должина, санација на тревната подлога, комплетно осветлување со нови рефлектори – што овозможува одлични услови за тренинг и за одржување на натпревари на фудбалскиот клуб ,,ССК”. Обновата на спортска инфраструктура е поставена високо во листата на моите приоритети како градоначалник и се трудам тоа да им го овозможам на моите граѓани на секој начин – преку инвестирање, преку градење, преку лобирање до надлежните во случај кога друга институција ги има ингеренциите, како што е овој случај. Силно верувам дека обновата на ССК ќе роди нови спортски ѕвезди, чии успеси сите ќе нѐ направат горди. Нека е со среќа-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
betorder
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
sahabet
norabahis
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
supertotobet
kolaybet
bettilt
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş