Search
Close this search box.

Ќе се гради нова полициска станица во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска потпишаа Меморандум за соработка за изградба на нова полициска станица. Овој документ претставува значаен чекор кон зајакнување на безбедноста и подобрување на услугите за граѓаните во општината.

Со реализацијата на овој проект, локалната самоуправа и Министерството за внатрешни работи директно обезбедуваат поголемо полициско присуство, побрза и поефикасна реакција, како и подобра достапност на услугите за жителите на Кисела Вода.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја истакна важноста на партнерскиот однос меѓу институциите во интерес на јавната безбедност.

-Оваа заедничка иницијатива е најдобар показател дека локалната и централната власт се целосно посветени на решавање на реалните потреби на граѓаните. Планираната изградба на новата полициска станица е стратешки чекор за нашата општина, бидејќи безбедна и посигурна средина е основниот предуслов за безгрижното секојдневие на секое семејство. Заеднички поставуваме цврсти темели за континуирано унапредување на квалитетот на живот – изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

За министерот Тошковски, оваа инвестиција е резултат на заедничката посветеност за создавање посигурна средина за сите граѓани.

-Оваа соработка е резултат на заедничка посветеност со локалната самоуправа за создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани. Преку конкретни проектни активности ќе работиме на реализација на овие објекти, но и на други иницијативи од заеднички интерес. Нашата цел е јасна, а тоа се институции што се поблиску до граѓаните, поефикасни услуги и континуирано унапредување на безбедноста. Продолжуваме со конкретни мерки и инвестиции што носат видливи резултати- изјави министерот Панче Тошковски.

Во насока на овие заложби за ефикасни институции достапни за сите, министерот за внатрешни работи денеска потпиша ваков Меморандум за соработка и со градоначалникот на Општина Илинден

Споделете:

Scroll to Top