Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби

Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби. Градоначалникот на општина Кисела Вода доделувајќи им ги решенијата на новите семејства кои од денес правно и легално располагаат со дивоизградениот објект, ја потенцираше важноста на процесот на легализација за имателите на ваквите зданија, но и за општината и сите нејзини жители.

 Истакна дека досега, на теритотрија на општина Кисела Вода се легализирани 4632 дивоградби.

 

– Сакам да истакнам дека заклучно со денешниот ден, општина Кисела Вода легализираше  4632 дивоградби. По завршувањето на продолжениот рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти , кој истече на 31 март, можеме да сумираме дека се пристигнати вкупно   13 848 предмети за легализација, односно  1733 граѓани ја искористиле дополнителната можност што ја даде Владата на РМ и поднеле барање за легализација до општинските служби. Притоа, 4207 предмети се без геодетски елаборат, за што би сакала да потенцирам дека рокот за доставување на истиот за новодонесените барања е до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, рокот за докомплетирање на документацијата е до 31.12.2016 година. Секако, и во двата случаи, говориме за дивоградби што се изградени до 2011 година- заокружи градоначалникот на општина Кисела Вода.

Таа ги повика граѓаните да не ги чекаат последните рокови и што поскоро да ја достават документацијата до административните служби. Потенцираше дека општина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика на заокружувањето на процесот на легализација, бидејќи тоа ќе биде заеднички успех кој води кон успешен развој на општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top