Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 12-та пленарна седница

Ве известуваме дека дванаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 24.01.2014 год.(петок)  со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:

-Усвојување на Записникот од 10-та пленарна седница;

-Усвојување на Записникот од 11-та пленарна седница;

1.Иницијатива за самофинансирање на изработка на Детален урбанистички план за Реон Ј, четврт Ј16 – дел од локалитет Градинар со граница на планскиот опфат помеѓу булевар ,,Македонија,, улица “Првомајска”,  и булевар “Србија”  поднесена од Исмаили Амид број 13-226/1 од 6.09.2013 година;

2.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправен објект за кое може да се изврши вклопување во урбанистичко планска документација за ДУП за Четврт Ј Реон Ј15 – Општина Кисела Вода (објект бр.1 на КП 5936 од КО Кисела Вода 1);

3.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Драчево 1 – Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Програма за измена на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2014 година;

5.Финансиски извештај по завршна сметка за 2013 година од 01.01.2013 до 31.12.2013 година;

6.Извештај за биланс на состојба за отворање на постапка за ликвидација на ден 30.11.2013 година;

7.Извештај за работата на ликвидаторот;

8.Предлог-Одлука за бришење на ЈКП ”Комуналец-Кисела Вода” , Скопје во ликвидација од трговскиот регистар при Централен Регистар на РМ;

9.Предлог-Одлука  за разрешување на ликвидатор на ЈКП “Комуналец-Кисела Вода”, Скопје – во ликвидација;

10.Предлог-Одлука за прифаќање на иницијативата за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Општина Сопиште во делот на надлежностите на градежната инспекција;

11.Предлог-Решение за именување на членови во заедничката Комисија за подготовка на Предлог-Договор за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Општина Сопиште во делот на надлежностите на градежната инспекција;

12.Давање Согласност на Статутот  на ОУ ,,Кузман Шапкарев,, Кисела Вода Скопје;

 13. Мерки  и активности  на локалната самоуправа за унапредување на еднакви можности на жените и    мажите – Кисела Вода;

14. Советнички прашања.

 

Споделете:

Scroll to Top