Градоначалникот Беличанец-Алексиќ на средба со жителите на 11 Октомври-згради и бараки

Во рамки на редовните посети на месните и урбаните заедници, градоначалникот на општина Кисела Вода, заедно со Претседателот на Советот, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија при градот Скопје и неколку други институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење, вчера остварија средби со жителите на месните заедници 11 Октомври згради и бараки.

 

Со граѓаните беше дискутирано за она што е сработено во изминатиот градежен период. Во урбаната заедница 11 Октомври бараки беше изведено асфалтирање, реконструкција и санација на повеќе улици, крпење на ударни дупки, како и тековно одржување на уличното осветлување и урбаната опрема во овој дел од градот.

Жителите на оваа урбана заедница беа информирани и за следните планирани активности на оваа локална самоуправа кои се произлезени од нивните потреби и барања-изградба на нова секундарна фекална канализациона мрежа за населбата Градинар на булевар Србија бр.3, за што е веќе изработен проект, добија информација и за она што е во фаза на изготвување: изработка на проектно-техничка документација за бунари во 11 Октомври, изработка на атмосферска канализација на улица Спиро Гулапчев и целосна реконструкција на коловозот и тротоарите по нејзиното завршување, како и проект за улично осветлување за бул. Борис Трајковски бр. 15, 13, 7, 4 и 10.

Со граѓаните од 11 Октомври-згради, се зборуваше за покрупните проекти кои општината ги реализираше во овој дел од градот-изведената атмосфрска канализација за улицата Пушкинова, новото детско игралиште за деца со посебни потреби лоцирано во близина на булеварот Борис Трајковски, изградбата на летниковци, реконструкцијата и санација на повеќе улици и крпење на ударни дупки. Се дискутираше и за тековните активности во оваа урбана заедница како што е изведба на атмосферска и фекална канализација на ул. Ѓорѓи Сугаре, за отпочнувањето на градежни работи за изградба на сосема нов училишен објект за учениците од ООУ Невена Георгиева Дуња, проект на Министерството за оразование и наука, за промената на прозорците во ООУ Кирил Пејчиновиќ и она што следува во наредниот период во овој објект-реконструкција на дел од санитарните јазли.

Граѓаните уште еднаш, имаа можност да постават прашање и да добијат одговори околу изградбата на објектот што се гради на улицата Михаил Чаков. Повторно, беше назначено дека се работи за објект со намена А2 (домување во станбени згради) и компатибилни класи на намени до 40% и дека неговата максимална катност е П+5+Пк, согласно ДУП за Реон Ј, Четврт Ј12, усвоен од страна на Советот на Општина Кисела Вода на 15.10.2013.

Со голем интерес присутните граѓани го проследија известувањето за следните планирани активности-поставување на нови линии за улично осветување, како и за целосна реконструкција на урбаната опрема во паркот Шопен, со поставување на современо детско игралиште.

Посетата на месните и урбаните заедници во општината продолжува и во наредниот период. Денес, во 18:30 часот е закажана посета на УЗ Расадник, а веднаш по неа, во 19:30 часот, средба со жителите на УЗ Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
kralbet
betnano
betnano
betnano
kralbet
kralbet
kralbet
setrabet
setrabet
kralbet
hititbet
hititbet
Tuzla Lenf Drenaj
Tuzla Cilt Bakım Merkezleri
Tuzla Kirpik
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
betgaranti
kolaybet
betgaranti
xslot
xslot
hititbet
betnano
betnano
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
Sosyal Medya Yönetim
Hititbet
xslot
xslot
xslot
kralbet