Ве известуваме дека Триесет и втората пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 23 септември 2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
– Усвојување на Записник од 31-та пленарна седница на Советот;
1.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кузман Јосифовски –Питу,, за учебната 2015/2016 година;
2.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кирил Пејчиновиќ,, Кисела Вода-Скопје во учебната 2015/2016 година;
3.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Партенија Зографски,, во учебната 2015/2016 година;
4.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Невена Георгиева-Дуња,, во учебната 2015/2016 година;
5.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Кузман Шапкарев,, во учебната 2015/2016 година;
6.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Рајко Жинзифов,, Кисела Вода – Скопје, Симбол на кинеско-македонско пријателство во учебната 2015/2016 година;
7.Годишна програма за воспитно образовната работа на Општинското основно училиште ,,Св. Климент Охридски,, во учебната 2015/2016 година;
8.Годишна програма за работа на Општинското основно училиште ,,Круме Кепески,, во учебната 2015/2016 година;
9.Годишен Извештај за работата на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за 2014/2015 година;
10.Давање Согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
11.Давање согласност на Правилникот за систематизација на работни места во ЈДГ ,,8 Март,, – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
12.Давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работни места во ЈДГ ,,8 Март,, – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
13.Предлог-Одлука за давање согласност на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за работа со поголем број деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.28/14,40/14 и 136/14);
14.Предлог-Одлука за давање согласност на Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за работа со поголем број деца од утврдените стандарди и нормативи на Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.28/14,40/14 и 136/14);
15. Годишна Програма за работата на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за 2015/2016 година;
16.Годишен Извештај за работата на Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Во Град Скопје за учебната 2014/2015 година;
17.Годишна Програма за работата на Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Во Град Скопје за учебната 2015/2016 година;
18.Предлог-Локална Стратегија за претприемачко учење на Општина Кисела Вода за периодот 2016-2020 година;
19.Предлог-Оперативен план на локалната стратегија за претприемачко учење на Општина Кисела Вода за 2016 година;
20. Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко планска документација по предмет уп.бр. 08 – 2222 од 02.06.2011 година;
21.Предлог-Програма за начинот на извршување на обврските на Општина Кисела Вода од областа на одбраната во воена состојба за 2016 година
22.Предлог-Програма за активностите на Општина Кисела Вода во областа за заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2016 година;
23.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.