Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ додели нови 50 решенија за легализација на дивоградби

Непрекинато тече процесот на легализација во општина Кисела Вода. Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ денес додели нови 50 решенија со кои бројот на решени предмети се искачи на 3777.

 Во своето обраќање пред присутните, таа потсети на сите технички воведени мерки кои доведоа до олеснување на процесот на легализација на дивоградби.

-Со цел да се подобри динамиката на решавање на предметите, општина Кисела Вода направи кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемување на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведе практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво. Сепак, не би сакала да ја миноризирам и улогата на сопствениците на нелегално изградените објекти, бидејќи, за процесот на легализација да тече, тие мораат да достават комплетна документација до административните служби-истакна градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

Додаде дека бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3318 и дека не треба да се чека на крајниот рок за комплетирање на документацијата бидејќи заокружувањето на процесот на легализација е заеднички начин да се придонесе за успешен развој на општината.

Споделете:

Scroll to Top