Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 14-та пленарна седница

Ве известуваме дека Четиринаесетата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 14.03.2014 година (петок) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:

 

 -Усвојување на Записникот од 12-та пленарна седница на Советот;

  1. Информација за работа на полициска станица од општа надлежност ,,Кисела Вода”, за 2013 година со осврт на подрачје на Општина Кисела Вода;

  2. Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор – претставник од Градот Скопје во ЈДГ ,,Весели Цветови”, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

 

  3. Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор – претставник од Градот Скопје во ЈДГ ,,8 Март”, на Општина Кисела Вода во Град  Скопје;

  4. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

  5. Предлог-Програма за заштита на потрошувачите на Општина Кисела Вода за период 2014-2015 година;

  6. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведувањ на подрачјето на Општина Кисела Вода бр.07-141/8 од 15.11.2013 година;

 7. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за четвртиот квартал од 2013 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода, – К2- квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, – К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

 8. Усвојување на Годишен извештај на општина Кисела Вода за 2013 година, со:

 – Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2013 година;

 -Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната  сметка на општина Кисела Вода за 2013 година;

 -Извештај за реализација на програмите на општина Кисела Вода за 2013 година;

-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2013 година;

 -Извештај од одговорниот сметководител  за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2013 година;

 9. Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2013 година;

10. Предлог-Буџетски календар на општина Кисела Вода за 2014 година;

11. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2014 година;

12. Советнички прашања.

 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top