Search
Close this search box.

Утрешниот ден е посветен на Фолклорен концерт „Наше оро“ кој ќе се одржи на 03.12.2024 година (вторник) во 13.00 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Во фоајето на објектот ќе има и изложба на креативните изработки со различни ликовни техники на лицата со даунов синдром од Здружението„Трисомија 21“. Овој проект кој е финансиски подржан и одобрен од Општина Кисела Вода е во организација и реализација на Здружение на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“- Скопје со придружба на играорци од Ф.А. СЕДЕНКА и ученици од ЕМЦ Наши Ноти.

Со овој концерт да го обележиме 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Градиме инклузивна општина во која лицата со попреченост ќе имаат еднаков пристап за напредок и развој.

Општина Кисела Вода Ве поканува да бидете дел од овој убав настан.

Споделете:

Scroll to Top